Кочани – домаќин на дванаесетта средба на пензионерите од Република Македонија

12 Авг 2018
327 пати

Близу илјада пензионери од 53-те здруженија од Сојузот на пензионери на Република Македонија присуствуваа на традиционалната, дванаесетта

средаба на пензионери во манастирскиот комплекс „Св. Пантелејмон“ во кочанското село Пантелеј.
Во име на Сојузот, пензионерите ги поздрави потпретседателот Салтир Каровски кој истакна дека средбата се организира во корист на дружењето на пензионерите и за запознавање на сопствената држава. Каровски ги повика пензионерите на што поголема вклученост и активност во рамките на Сојузот и на нивните здруженија заради обезбедување подобри услови за живот, за здраво и успешно стареење.
За локалните проекти поврзани со луѓето од третата доба говореше градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.
– Општина Кочани поднесе апликација за изградба на старечки дом, очекуваме поддршка од Министерството за труд и социјална политика, за да можеме да одговориме на потребата за грижа и нега на старите лица како од Кочани, така и од регионот.
Илијев ја нагласи поддршката од Општината во заживувањето на пензионерските клубови со градот и во населените места.
Домаќин на средбата е Здружението на пензионери – Кочани.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.