Кочани – дел од европската турнеја на врвни метал-бендови

28 Јул 2018
206 пати

В недела, на 29 јули со почеток во 21 ч., на терасата на Центарот за култура „Бели мугри“ гостуваат три одлични метал-кор состави:

The Royal (Холандија), Of Virtue (САД), Harmed (Унгарија). Настапот во Кочани е дел од нивната европска турнеја која започна од Англија, а завршува на Исланд.
Кочани уште еднаш ќе ја има честа и задоволството да биде на листата на европските каравански настани.
Покровител на настанот е Општина Кочани во соорганизација со ЦК „Бели мугри“ и со Здружението „Икигаи“. Влезот е слободен.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.