Меѓународно признание за Герасимов – Новинарот од Кочани почесен граѓанин на Сирмиум

24 Јул 2018
269 пати

На осмиот мегународен фестивал на поезијата во Сремска Митровица, Република Србија, Киро Герасимов,

новинар, поет, преведувач, публицист и хроничар на нашиот град, ја доби наградата „Сончев часовник“ што ја доделува Домот на културатата „Сирмиум“ од овој град и Мегународниот фесртивал.
Наградата, како што стои во образложението, му се доделува на Герасимов за книжевното творештво создадено досега и влијанието за литературно творешѕво кај младите. Имено, во месец декември минатата година, Герасимов ја преведе од српски на македонски јазик книгата раскази „Весела олимпијада“ од срспскиот писател Недељко Терзик. Илустрациите во книгата ги направија учениците од ликовната секција на Училиштото „Никола Карев“ од Кочани под менторство на професорката Радмила Едровска. Со овој проект, како и со преглед на објавените книги поезија и проза наменети за најмладите и возрасните читатели, Герасимов, конкурираше на овој фестивал.
Мегу наградените автори од Европа покрај Герасимов се и Виктор Шекеровски од Белград, Светомир Јовановиќ од Обреновац,Србија и Јуриј Буковски од Руската Федерација.
Во кратката изјава, Герасимов додава дека наградата е резултат на неговата 40 - годишна плодна работа како новинар, публицист, поет и преведувач.
Како добитник на ова високо мегународно книжевно признание, Герасимов ја доби повелбата на Општина Сремска Митровица и на Туристичкиот сојуз на оваа општина и стана почесен граѓанин на царскиот град Сирмиум.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.