Во рамките на Павловден – Промовирана „Архаизми од виничко – оризарскиот регион“

17 Јул 2018
199 пати

Со финансиска подршка од Советот и градоначалникот на Општина Виница, од печат излезе првото

дело на 86. годишниот наставник во пензија Ангел С. Богатиновски. Книгата чија промоција беше дел од Павловденското чествувување, е насловена „Архаизми од виничко-оризарскиот регион“, и во неа се сместени над 1.000 зборови од овој крај , а промоторот Силвана Јаневска оваа книга ја нарече “Идиотикон“-речник на едно наречје, т.е дијалектизам. “Динамичните промени во социолошкото живеење се повеќе ги потиснуваат дијалектните форми, а уште повеќе архаизмите, кои се од искучително значење за еден регион. Мојот родител, Ангел Богатиновски, над 50 години наназад ги запишува архаизмите во говорот на територијата на Оризари и Виница, и тој долготраен процес бара посветеност и истрајност во работата“, подвлече промоторот Силвана Јаневска,
Градоначалникот Ивица Димитров му врачи Благодарница на Богатиновски за особени заслуги во областа на образованието и културата, а за творештвото на Ангел, кое сеуште е само во пишувана форма зборуваше и наставникот Тодор Димитров.
Книгата чии издавач е општина Виница е испечатена во тираж од 500 примероци.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.