Завршуваат „Петровденските конаци“

12 Јул 2018
56 пати

Во рамките на одбележувањето на Петровден, празникот на Општина Кочани, денеска во Паркот на револуцијата

во 10:30 ч. ќе се одржи Петровденската литија и осветување на славскиот колач.

Веднаш потоа кај новото детско игралиште во Паркот, изјава ќе дадат градоначалникот Николчо Илијев и претставници од компанијата Антура, која ја финансираше неговата изградба.

Во 11:30 ч. во салата на Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе одржи свечена седница на која ќе бидат доделени највисоките општински награди и признанија.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.