Професионален џез настап на Триото „Филип Динев“

11 Јул 2018
121 пати

Пенче Кралев – контрабас, Виктор Филиповски – тапани и Филип Динев – гитара, двајца студенти и

професор, џез комбинација која аплаузот на публиката заслужено ја враќаше на сцена. Релативно нов состав, но со високо професионален настап кој се должи на интензивни, повеќечасовни тренинзи, вели Филип Динев ......“ Триото е формирано неодамна, свириме познати џез стандарди во наши аранжмани, вечерва настапивме и со две мои композиции. Настапуваме секаде каде сме поканети и сметам дека нашите концерти ги правиме на едно академско ниво, онака како што и доликува на професионални музичари“. После два вечерни концерти од Павловденскиот репертоар, третата вечер е резервирана за најмладата популација која ќе има можност да биде дел од отворениот Театар за деца како идеја на двајца актери - Нина Максимова и Благојчо Стојанов (дипломирани актери на Факултетот за Драмски Уметности во Скопје).

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.