На 11 јули - Духовна академија по повод Петровден

10 Јул 2018
74 пати

В среда, на 11 јули 2018 г. во салата на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани со почеток во 19 ч. ќе

се одржи Духовна академија по повод патрониот празник на Кочани, Петровден.

Во првиот дел од Академијата ќе настапат црковните хорови „Св. Лидија Македонска“ при Лесновскиот манастир заедно со „Св. Климен Охридски“ при црковниот храм „Св. Климент Охридски“ од Штип и женскиот црковен хор од Скопје кој го негува византиското пеење.

Специјални гости во вториот дел од програмата ќе бидат Марјан Јанкоски и неговата група „Портал“. Тие ќе се претстават со композиции од својот богат музички репертоар.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.