„Петровденските конаци“ започнуваат со „ Музика за флејта и пијано“ со Златка Митева и Наташа Трбојевиќ

03 Јул 2018
86 пати

В четврток на 5 јули 2018 г. со настанот насловен „Музика за флејта и пијано“ во фоајето Центарот за култура „Бели мугри“

ќе започне 11. издание на културната манифестација „Петровденски конаци“.
Флејтиската Златка Митева и пијанистката Наташа Трбојевиќ ќе настапат со дела од Стојан Стојков, Александар Џамбазов, Томислав Зографски, Љубомир Бранѓолица, Трајко Прокопиев и други македонски автори.
Митева и Трбојевиќ се професорки по флејта и пијано, со богата биографија во образованието и концертната дејност. Самостојно и како членови на камерни состави тие концертрираат како во Република Македонија, така и надвор од неа.
Свеченото отворање на „Петровденските конаци“ е во 20:45 ч.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.