Министерството за култура одобри дополнителни 440 илјади денари за реконструкција на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани

26 Јун 2018
672 пати

Министерството за култура на Република Македонија одобри дополнителни средства за реализација на

реконструкцијата на Центарот за култура „Бели мугри“.
По барање на кочанската културна установа, а по спроведената електронска аукција од јавната набавка, во која постигнатата најниска понуда е за 437.823 денари повисока од обезбедените финансиски средства, Министерството со допис информира дека може да се измени одлуката и да се дообезбедат средствата потребни за реализација на договорот.
Министерството за култура ќе ги дообезбеди потребните финансиски средства, за што ќе се склучи анекс на договорот.
Со Програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата за 2018 година, Министерството за култура има предвидено реконструкција на објектот „Бели мугри“, за што беа одобрени 13,5 милиони денари. Со дополнително одобрените, за реконструкцијата ќе бидат наменети околу 13,9 милиони денари.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.