Фестивалот на улични изведувачи Баскерфест – во Кочани

15 Јун 2018
112 пати

На 15 јуни во Градскиот парк, а на 16 јуни во Трговскиот центар во Кочани ќе настапуваат уличните забавувачи во рамките на фестивало

т Баскерфест 2018.
Познати танчари, музичари, акробати и жонглери имаат за цел со смеа да ги заразат жителите на Македонија и да внесат ведрина кај луѓето.
Баскер ја пречекува публиката не само со улични артисти и музика во живо, но и со низа различни понуди за незаборавна забава: претстави, пантомима, креативни активности, ликовни изложби.
Баскерфест е првиот меѓународен и мултикултурен уличен фестивал во Македонија со деби во 2006 година. Во него се вклучуваат сѐ повеќе учесници од различни земји во светот.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.