Пат околу светот за 80 минути со авиокомпанијата „Амичи“

08 Јун 2018
466 пати

      Да, да на почетокот многумина можеа да бидат скептични. Каква авиокомпанија, какви 80 минути? Кој ќе патува околу светот? Но, кога влеговме во скромната, преполна сала на ЦК „Бели Мугри“ во Кочани, атмосферата престана да биде загушлива. Врзете ги појасите и полетуваме! Како вистински голем џамбо-џет „Амичи“ полета во височините. Со нашите млади ученици, кои како актери со долгогодишно искуство, точка по точка, за момент не пренесоа до сите континенти прикажувајќи ни најразлични традиции и култури.
      Како голем кореограф, како искусен костимограф и сценограф „Амичи“ ни се претстави во вистинското светло. Ја изрежира претставата од почетокот, до самиот крај. Публиката беше воодушевена, аплаудираше со секоја нова дестинација. Најбурно кога авионот се врати дома, кога атерираше во Македонија, во родната татковина. 
      Во недостаток на културни настани од ваков тип во Кочани, „Патот околу светот за 80 минути“, го оценуваме со чиста 10ка. Штета што немавме поголем објект и поголема сала за да го видат повеќе посетители. Очекуваме традицијата „Амичи шоу“ да продолжи.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.