(преземено од dafkocani.com)Вечерва – Започнува ДАФ 2018

28 Мај 2018
81 пати

Со претставата “Бегај ѓаволе, жена ми доаѓа“ на Културното и спортско друштво ” Шатор Шторје“ од

Сежана, Словенија, вечерва (28 мај), во 19 часот, во Кочани, во ЦК „Бели мугри“, започнува 55. издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија. До 2 јуни ќе бидат прикажани 16 аматерски претстави во официјална конкуренција и една професионална, хит комедијата „Чао Пријатно“ на театарот „Чао Пријатно“ од Скопје, со која ќе се спушти завесата на фестивалот.
За вечерва е најавено доаѓање на министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, кој на гостите ќе им се обрати во 20 часот. Предвидено е обраќање и на кочанскиот градоначалник, Николчо Илијев.
Вечерва ќе може да се проследи и претставата „Многу врева за ништо“ на гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес, како и настапот на Драмското студио на ЦК „Бели мугри“ од Кочани, чија претстава е насловена – „Пеликан“.
Меѓу театарските групи се и Театарот „Хранислав Драгутиновиќ“ од Прокупље, Србија, како и Младинската сцена при Интимен Театар од Битола, СУГС “Раде Јовчевски – Корчагин“ од Скопје, Драмското студио „Карло Голдони“ од Дебар, Младинското драмско студио „Прличко“ од Велес…
Во рамките на ова издание на ДАФ под мотото „Уметноста е долга, животот е краток“, ќе бидат одржани и придружни манифестации, промоции на книги, работилници, како и ликовни перформанси и изложби меѓу кои и на мултимедијалниот уметник Марко Брецељ, попознат како поранешен фронтмен на сега веќе култниот југословенски рок бенд „Булдожер“.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.