Прес на ДАФ во „Кофи стејшн“ – Фестивалот може да започне

25 Мај 2018
213 пати

„Управата на Фестивалот годинава се одлучи да земе партнер за соработка за да се направи промена во концепцијата. Значи се

решивме за соработник кој паралелно со официјалната програма, со настаните внатре, организира посебен фестивал надвор од театарската сала, кој го нарековме „Фестивал на Револуцијата“, затоа што ќе се одвива во Пркот на Револуцијата. Ги покануваме сите љубители на театарската, музичката, ликовната уметност во тој период да бидат наши пријатели, бидејќи многу ни е важна подршката на публиката за да напрвиме прв исчекор до го ’повлечеме’ граѓанското ’тело’, младите, од таа веќе зачаурена средина – Трговскиот центар. Барем шест дена паркот да биде средина која ќе живее во знакот на културата и театарот. Му благодариме на Тасо и „Кафе Станицата“ за идејата што ни ја даде“, рече Дарко Спасов, претседател на УО на ДАФ, на прес-конференцијата што се одржа токму во „Кафе Станицата“ во кочанскиот парк
„Годинава, освен 16-те претстави, ќе имаме и Планеризам, кој ќе го реализира нашиот сограѓанин Орхан Ќамилов, кој пред кочанската јавност ќе покаже како се создава и врамува еден период на еден фестивал како што тоа го правеле Владимир Ѓорѓиевски (кој има направено прекрасна слика за ДАФ) или Мирослав Масин. Нешто многу важно за фестивалот е и промоцијата на книгата „Рок енциклопедија“ на Тошо Панкеро Филиповски, кој направи капитално дело за македонската рок – музика. Тука е и уште еден несекојдневен и ексцентричен настан. Од Словенија доаѓа Марко Брецељ, фронтменот на „Булдожер“, можеби најголемото име на панкот и рокот на просторите на поранешна Југославија. Тој ќе ја промовира книгата ’Панкот е мртов’ од Томаж Космач. Заокружување на годинашниот ДАФ ќе бидат Тино и Атанас со ’Чао пријатно’, хит претстава на Синиша Евтимов. Оваа претстава ќе биде одиграна на затворањето, кога ќе има плус уште еден настан, во случајов од применетата уметност. Тоа се творци во креативната уметност, меѓу кои ќе има и две кочански групи, кои што создаваат на посебен начин. Во центарот на вниманието ќе биде Марија Манева од Штип која ќе го покаже создавањето со епоксидна смола“, нагласи Спасов, зборувајќи за она што ќе бидат придружни содржини на ДАФ.
„Селекор оваа година беше Јасмина Билаловиќ, избра две претстави од гимназиите . Морам да истакнам дека прв пат оваа година, кај нас во Кочани, нашата гимназија, недостатокот од своја театарска продукција, ќе го надомести со тоа што ќе ни даде волонтери, кои ќе бидат дел од организацијата на ДАФ. Имаме многу други помагатели од стопанскиот сектор. Благодарност и до Минстерството за култура и до Општина Кочани, кои помагаат во рамките на своите можности“, пдвлеше претседателот на УО на Фестивалот.
Стојан Рашков го претстави „Револушн фест“, најавувајќи ги бендовите што ќе настапат. Тоа се „Браз брадрс“, „Хепи енд“, Васко Атанасовски, Гоце Саф, Мастер Ди-џеј... Овој музички настан ќе се одржи на платото пред Центарот за култура „Бели мугри“.
Годинава „ДАФ“ ќе пречека над 200 гости, а мотото на Фестивалот е Ars Longa, Vita Bravis или Уметноста е долга, животот е краток.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.