Тиана Јовиќ приреди матурски солистички концерт во Скопје

13 Мај 2018
317 пати

Тиана Јовиќ, ученичка во Државниот музичко-балетски училиштен центар „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, на матурскиот испит по флејта му даде целосно отворена форма, организирајќи

го како солистички концерт.
Пред Комисијата и пред многубројната публика, во Даут-пашиниот амам во Скопје, Јовиќ настапи со дела од Келер, Рајнике, Девиен и Шеманд, во придружба на професорката по пијано, м-р Весна Тасевска-Ананиева.
Тиана Јовиќ го завршува средното образование во класата на проф. Симона Марочковска-Манојловска, како една од учениците во нејзината генерација која е носител на најмногу награди во текот на школувањето и со посета на многу семинари во земјава и во странство.
Наскоро, Јовиќ ќе се претстави со својата матурска програма и пред кочанската публика, што ќе биде нејзиниот четврти по ред солистички концерт во Кочани.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.