Кочани ќе го одбележи 9 Мај, Денот на Европската Унија

09 Мај 2018
166 пати

Општина Кочани и ЕУ-инфо точката и годинава ќе го одбележат 9 Мај, Денот на Европската Унија. Централниот настан ќе се одржи на Летната сцена

на Центарот за култура „Бели мугри“, каде ученици од основните и средните училишта ќе претстават седум земји членки на Европската Унија: Холандија, Германија, Чешка, Бугарија, Ирска, Полска и Финска.
Во програмата, со свои обраќања за значењето на празникот ќе се вклучат и евроамбасадорот во Република Македонија, Самуел Жбогар и градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, кои претходно ќе имаат и официјална средба во Општината.
Во културно-уметничкиот дел на програмата ќе настапат хорот на ОУ „Свети Кирил и Методиј“, училишни ритмички состави, а ќе настапи и популарната рок-група „Шекспир“.
Дел од програмата ќе биде и ликовниот перформанс во кој се вклучени членовите на Училиштето за цртање и сликање под менторство на м-р Александра Димитрова, кои ќе сликаат мотиви од земји членки на ЕУ.
Програмата ќе започне во 12:30 ч.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.