Вечер на женски права во Кочани

13 Апр 2018
176 пати

В петок, 13 април 2018 г., со почеток во 19 ч. во Центарот за култура „Бели мугри“ - Кочани, Општина

Кочани преку проектот Промоција на родово одговорни политики и родово одговорно буџетирање на UN Women, организира „Вечер на женски права“.

Публиката ќе може да ја види проекцијата на филмот „Ада за градоначалничка“, по што е планирана панел-дискусија на тема жената во политиката.
На панелот ќе говорат Соња Стаменкова - градоначалничка на Општина Македонска Каменица, Татјана Лазарова Осоговска - претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите - Кочани и Кристина Хаџи-Василева - магистерка по родови студии.

Влезот е слободен.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.