Панк и рок-фановите од Кочани на незаборавен концерт

03 Апр 2018
179 пати

Во неделата вечерта, на терасата на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани панк рок-бендот

од Словенија Real Life Version и финскиот панк-бенд One Hidden Frame одржаа концерт.

Публиката, која освен од Кочани пристигна од различни градови од државава, уживаше во концертот кој за Real Life Version е дел од нивната балканска турнеја на која го промовираат новиот албум „Furious Winds and Ice Cold Showers“.

Настапот на мелодичниот и брз Real Life Version беше проследен со многу емоции и енергија, која беше возвратена од публиката. Ова беше една од ретките можности, по четири години, овој состав да настапува во Македонија.

Членовите на One Hidden Frame го претставија својот најнов албум „Harmful content", на нивната прва турнеја на Балканот и на првиот концерт во Кочани.

Фановите на овие панк рок-групи имаа ретка можност да купат винилки, цедеа и маички со мотиви од музичките состави.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.