На 1 април концерт на бендови од Словенија и Финска

31 Мар 2018
187 пати

На 1 април со почеток во 20 часот, на терасата во Центарот за култура „Бели мугри“ ќе настапат панк-рок бендовите Real Life Version и One Hidden Frame.

Главен покровител на настанот е Општина Кочани


Real Life Version е панк рок бенд од Словенија кој е активен на сцената повеќе од 13 години. Бендот позади себе има четири изданија. Настапот во Кочани е дел од нивната балканска турнеја на која ќе го промовираат новиот албум „Furious Winds and Ice Cold Showers“. Real Life Version имаат свирено во Македонија во април 2014-та (во Скопје и Битола) и конечно оваа пролет и во Кочани!


One Hidden Frame од Финска се брз, мелодичен панк бенд. Нивните настапи се проследени со многу емоции и енергија. Основани се во 2002 година, а во 2017 година го издадоа нивниот последен албум "Harmful content" за Bird Attack Records. Ова им е прв концерт во Кочани и прв пат на Балканот!

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.