Библиотеката „Искра“ го одбележува Светскиот ден на литературата за деца

31 Мар 2018
83 пати

На 2 Април, Светскиот ден на литературата за деца, предвидена е програма со низа на активности.

Одбележувањето на овој важен настан го организира Библиотеката „Искра“.
Програмска содржина, 02 Април 2018 г.
10.00 часот – литературна средба на авторот Васил Мукаетов, добитникот на наградата „Ванчо Николески“ за 2017 г. со учениците од ОУ„Св.Кирил и Методиј“-Кочани, во просториите на Библиотеката
10.00 часот – креативна работилница на илустраторот Ивица Спасовски, со ученици од Училиштето за цртање и сликање при НУ Центарот за култура „Бели Мугри“–Кочани, во просториите на библиотеката,
10.00 часот – литературна средба на авторката Ели Маказлиева, писателката Александра Велинова и илустраторот Игор Јовчевски со децата од ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ - Кочани;
10.00 часот - литературна средба на авторката Јасмина Кантарџиева Димков со ученици од ОУ „Малина Попиванова“ – Кочани ,
10.00 часот - литературна средба на роднокрајната авторка Љубинка Донева со ученици од ОУ„Раде Кратовче“ – Кочани,
10.00 часот литературна средба на роднокрајната авторка Марина Гоцевска со учениците од ОУ„Никола Карев“ – Кочани,
10.00-17.00 Отворен продажен штанд со богата литература за деца на издавачката куќа ЕДУКА МАК , во просториите на Библиотеката
11.30 часот – „ Фестивал на децата , книгите и музиката“ –
Ревијален дел со музичка точка -Драгана Јорданова
Програма
-Музичко-ритмичка содржина „Бушава азбука“ –ОУ„Раде Кратовче“-Кочани
-Драматизација на тема „Културните знаменитости и литературата за деца на Латвија-меѓународен покровител за 2018 г.“ учесници од ОУ „Раде Кратовче“- Кочани
--Музичко-ритмичка игра - Училиште за танци при Јазичен Центар Амичи,
-Драматизација на Меѓународната порака на светскиот ден на литературата за деца -ученици од ОУ„Св.Кирил и Методиј“ – Кочани,
-Порака од авторите - писателите за деца и млади , претставени од учениците од ОУ„Никола Карев“-Кочани
-Мизичко –ритмичка точка -ОУ„Малина Попиванова“ – Кочани
-Прогласување на наградените учесници од Ликовниот конкурс на Библиотеката
- Музичко-ритмичка точка -ОУ„Крсте П.Мисирков“-Оризари
-Музичко –ритмичка точка на тема „Роденден“
13.30 часот - литературна средба на роднокрајната авторка Марина Гоцевска со учениците од ОУ„Крсте П.Мисирков“ – Кочани
Проектот е дел од Годишната програма на Министерството за култура на Република Македонија за 2018 г. Координатор Магдалена Кочовска-Салтирова

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.