Кочани 15-та општина во Република Македонија -потписничка на Европската повелба за еднаквост на жените и мажите на локално ниво

08 Мар 2018
307 пати

Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, денеска ја потпиша Европската повелба за

рамноправност на жените и на мажите во локалниот живот, со што Општина Кочани се обврзува да ги имплементира нејзините одредби.
- Еднаквоста на жените и мажите е основно право и суштинска вредност на секоја демократија. Потпишувањето на Европската повелба значи дека се залагаме за вистински еднакво општество.
Со потпишувањето на оваа Повелба ние, како локална власт покажуваме дека можеме и мораме да одиграме позитивна улога во промовирањето еднаквост на практични начини, кои влијаат на секојдневниот живот на граѓаните – изјави градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.
Секој потписник на оваа Повелба, развива, усвојува, а потоа и применува акциски план за рамноправност.
Кочани е 15-тата општина во Република Македонија, потписничка на оваа Повелба, која се обврзува да го почитува принципот на родова еднаквост и да преземе неопходни мерки за да постигне вистинска еднаквост во пракса, како клуч за економски и социјален успех.
Потпишувањето на Повелбата е со поддршка од ЗЕЛС и од Проектот за промоција на родово одговорни политики и буџети што се реализира во Општина Кочани преку Канцеларијата на UN Women во Македонија.

Текстот е авторство на Одделението за односи со јавност во Општина Кочани

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.