Изложба - ,,Imposter“ вечерва пред кочанчани

02 Мар 2018
263 пати

Изложбата на плакати насловена ,,IMposter" ќе биде отворена вечерва во 19:00 ч. во ЦК „Бели мугри“ во

Кочани. Автор е Маријана Иванова, дипломиран ликовен уметник, отсек – плакат. Изложбата опфаќа плакати изработени за време на нејзините студиите (2013 - 2017) во Националната ликовна академија во Софија, Бугарија.

Целта на изложбата е да се едуцира локалната публика за значајноста на овој вид уметност и да се претстави уметникот пред домашната публика после многубројните учества на интернационални изложби во Турција, Велика Британија, Иран, Лихтенштајн, Австрија, Русија, Полска, Мексико, САД, Тајван, Јамајка и Казахстан.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.