„Прошетка низ минатото“ – изложба на творби од едукативната работилница за културното минато на Кочанско

20 Фев 2018
336 пати

Од вчера, 19 февруари, во просториите на Библиотеката „Искра“ во Кочани е отворена изложба

на творбите од едукативната работилница „Прошетка низ минатото“, што ја организира Музејската збирка од Кочани, во состав на Археолошкиот музеј на Македонија.
Целта на работилницата беше да се едуцираат младите за културното минато на Кочанско и во свои ликовни творби да го претстават онака како што тие го доживуваат.
Работилницата беше реализирана со дваесетина деца од 4 до 14 години, под менторство на м-р Александра Димитрова.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.