Дела од Лесновската колонија во Кочани

14 Фев 2018
193 пати

Изложба на 26-та Лесновска ликовна колонија ќе се одржи на 15 февруари 2018 год. (четврток )

во Салон фоаје 2 НУЦК "Бели мугри" - Кочани, со почеток од 12:30часот.
Изложбата се реализира во соработка со Домот на културата „Злетовски рудар“ од Пробиштип.

Колонијата се одржува по 26-ти пат во организација на Дом на културата „Злетовски рудар“ од Пробиштип, под покровителство на Општина Пробиштип, во период од 26 јуни до 2 јули 2017.
За сите овие години на нејзиното постоење учествувале бројни и познати ликовни уметници од земјата и странство, а годинава ликовните уметници од Македонија, Бугарија и Русија ликовните дела ги создаваа инспирирани од природните на вулканскиот кратер, убавините на Лесновскиот манастир „Свети Гаврил Лесновски“ и просторот околу него, старата традиционална архитектура на лесновската куќа, како и карпестото опкружување.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.