„Поезијата – причина и повод“: Претставен книжевниот и музички портрет на Атанас Георгиев

01 Фев 2018
54 пати

Започна одбележувањето на педесетодишниот јубилеј на ЦК „Бели мугри“ што ќе трае во текот на целата

календарска година. Првиот настан од овој сериал се одржа синоќа. Беше претставен Атанас Георгиев и неговиот книжевен и музички портрет, како и стихозбирка „Рефлексии“, чиј автор е тој.
Горгиев пред новинарите рече дека твори од најмалади години и дека му е драго што со него започнува чествувањето на педесетте години од основањето на националната установа од Кочани. Тој е највозрасниот член на Литературниот клуб „Копнеж“. Во друштвото на писателите од Кочани влегол веднаш после Димитар Гогов – Мичо, кој е прв претседател. Во седумдесетите години од минатиот век со своја песна учествувал на Млада Струга, која е дел од Струшките вечери на поезијата.
Освен што пишува поезија, Атанас Георгиев, свири на ќемане и пеа. Синоќа со негов колега, во „Салонот Фоаје 2“ изведоа неколку изворни народни песни.
Портретот на Горгиев го претстави Славица Цветкова, исто така роднокраен автор.
Педесетте години постоење, кочанската национална установа „Бели мугри“ ги одбележува со серијалот насловен „Поезијата – повод и причина“.
Во текот на овој и следните месеци, според она што го кажа Габриела Стефановска, која со Центарот за култура стои зад проектот - сериал, ќе бидат претставен и други автори од Кочани.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.