Честитка за Божиќ од градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев: „Ви посакувам мир и спокојство, радост и разбирање!“

05 Јан 2018
285 пати

Од мое лично име и од името на општинската администрација на сите православни христијани им го честитам големиот празник Раѓањето Христово-Божик, и им посакам

добро здравје, радост и среќа.
На Божик ја славиме желбата – љубовта, мирот и милосрдието да бидат нашите водилки за да станеме подобри луѓе и подобри христијани. Овој празник нè потсетува дека треба да ги негуваме семејните и традиционалните вредности, да шириме добрина и заеднички да помагаме за подобра иднина и поубав живот за сите.

Посакувам во сечие секојдневие да се всели мирот и спокојството, радоста и разбирањето. Да продолжиме да даруваме безусловна љубов и почит, да градиме пријателство и да ги унапредиме нашите заеднички вредности.

За многу години!

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.