Алаѓозовски во Кочани : Ќе му го вратиме стариот сјај на „Бели мугри“

29 Дек 2017
590 пати

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски вчера беше во Кочани. Го посети ЦК „Бели мугри“, а вечерта

ја помина во публиката на новогодишниот концерт на ОМУ „Ристо Јуруков“.
При тоа, Алаѓозовски најави инвестиции во реконструкцијата на објектот, во кој е сместена кочанската Национална установа, за кој рече дека е воодушевен од неговата архитектура и мултифункционалност. Истовремено, изрази жалење за руинираната состојбата во која се наоѓаат негови делови.
Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, уште кажа и дека ќе се залага за нови работни места во „Бели мугри“, за чии вработени смета дека се мотивирани, оти имаат идеја и дека работат со визија.
Според Алаѓозовски, ЦК во Кочани има долга традиција, поради што заслужува да се вложат напори во наредните неколку години да му биде вратен стариот сјај.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.