Виница – Се реставрираат предмети пронајдени на Коколов Рид

25 Дек 2017
200 пати

Започнува конзервација и реставрација на керамички материјал од археолошкиот локалитет

Коколов Рид. Дел од него се уникатни керамички садови од периодот на раното бронзено време, односно третиот милениум пред нашата ера :
„Во Источниот Регион ги нема, ги има во делот на северна Македонија и јужна Србија и дел од Бугарија. Овие се уникатни примероци, коишто вредат да бидат конзервирани“, изјави Јулијана Иванова, дир. на Музеј „Теракота“ – Виница.
Реставрацијата на керамиката е втора фаза од проектот кој е поддржан од Министерството за култура. Претходно, беа извршени конзеравторски истражувања во врска со овој материјал .
Проектот се спроведува во соработка со лиценцирани конзерватори за керамика, бидејќи виничкиот музеј „Теракота“, нема конзерватори.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.