Вечерва – „Срцева драма“ во режија на Перо Даниловски

18 Дек 2017
271 пати

Во Национална установа - Центар за култура " Бели мугри"-Кочани, ПРЕМИЕРНО во денес

понеделник 18.12.2017 година , ќе игра претставата СРЦЕВА ДРАМА од Хајнер Милер,
во режија на Перо Даниловски,
сценографија на Александра Димитрова и
инспициент Силвана Јаневска.
Ке играат членовите на драмското студио при НУЦК "Бели мугри" - Кочани.

"Дејството на претставата се случува на едно посапокалиптично буниште каде помеѓу остатоците од некоја претходна цивилизација се раѓа нов живот. Нови луѓе кои ќе се обидат да не ги повторат грешки на претходните. Ќе успеат ли во тоа?
Преку една разиграна сценска изведба користејки ги принципите на театарот на движење и пантомимата ќе се обидеме да дадеме одговор." Перо Даниловски

Текстот е авторство на ЦК „Бели мугри“

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.