Промовирана книгата„Весела олимпијада“ од Недељко Терзиќ на македонски јазик

14 Дек 2017
247 пати

Ротари клубот Кочани-Виница и Печатницата Европа 92 деновиве ја објавија книгата под наслов „Весела олимпијада“ намената за најмладите читатели од познатиот писател

за деца и возрасни Недељко Терзиќ. Издавањето на книгата е плод на успешната соработка на ротари клубoт Кочани-Виница и Ротари клубот од Сремска Митровица во Република Србија.
Зоран Тодоров,oд Ротари клуб Кочани-Виница истакна дека двата клуба се збратимени и како резултат на таквата соработка е и оваа активност.
Книгата „Весела олимпијада„ од српски на македонски јазик ја преведе новинарот и публицист Киро Герасимов, а во нејзината реализација учествуваа учениците од Ликовната секција на Основното училиште „Никола Карев“ со нивниот ментор Радмила Едровска.
Инаку книгата„Весела олимпијада„ од Недељко Терзиќ содржи 20 интересни басни наменети за најмладите читатели кои соодветно се илустрирани. Одреден број на примероци се веке доделени на библиотеките во основните училишта во општините Кочани и Виница како и во Градските библиотеки на ови два града.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.