ЦК „Бели мугри“: Промовиран стрипот „Кочо Рацин - живот песни и смрт“

24 Ное 2017
305 пати

Во пресрет на празникот 25 ноември и денот на основањето на установата, како и во пресрет на 78-годишнината од излегувањето од печат на култните

Рацинови „Бели мугри“, во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани се одржа промоција на најновото издание на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес, стрип изданието под наслов„Кочо Рацин-живот, песни и смрт“ од авторите Ване Трајков и Димитриј Михајловски.
-Тајната на стрипот е во едноставниот пристап во раскажувањето приказна преку слики, која ги плени луѓето од цел свет повеќе од сто години. Стрипот е приказна базирана на сценарио и раскажана преку цртежи – накратко филм на хартија. Поради големата популарност, стрипот како форма на културен израз се здоби со епитетот „деветта уметност“. Стрипот не излегува од тренд. Тој сеуште е голем предизвик за многу писатели, уметници, драматурзи, сценаристи, карикатуристи, афористи...заедно да создадат дело кое во себе вклучува повеќе културни вредности. За читателите и колекционерите е можност да уживаат во стрип магијата, истакна Габриела Стефановска, стручен соработник за книжевност и издавачка дејност при Центарот во Кочани.
Изданието го промовира еден од авторите Ване Трајков кој рече дека сценариото наменето за филм или драмска серија, го преточиле во стрип издание. Пред присутните посетители на промоцијата беа преставени и останатите стрип изданија на Центарот за стрип од Велес. По завршувањето на официјалниот дел од промоцијата имаше неформални разговори во врска со стрипот и неговото влијание во општеството.
К.Герасимов

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.