Во „Бели мугри“ се одржа „Нов град“

13 Ное 2017
341 пати

Во Националната установа Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани синоќа заврши дводневната

манифестација насловена „Нов Град“ поделена на музичка вечер на која настапија три македонски групи и филмска вечер – ревија на кратки македонски филмови и анимации.
На музичката вечер настапија групите К.Н.Н.Т – фуриозно електро-индустријал – панк дуо од Скопје составено од Марко Јанев на тапани и вокал и Иван Трајчев на синтисајзери и вокал, „Sweet Rapscallions“ повеќечлен арт колектив од Битола кој создава авангарден, психоделичен поп, како и групата „Anna O“ – кочански бенд, единствениот активен авторски бенд во градот.
На малата сала на Центарот за култура во Кочани синоќа беа прикажани проекциите на македонски кратки филмови и анимации:„Чевли“ (2016) – Бранко Костески ,„Ќе дојдат децата“ (The Children Will Come) (2016) – Ана Јакимска, „Човекот кој не беше таму“ (The Man Who Wasn’t There) (2017) и „Вистинската приказна за Хансел и Гретел“ (2010) – Гоце Цветановски, „Девојката што паѓа“ (2015) – Владимир Лукаш, „Кружното патување на Марето“ (2015) – Жарко Иванов, “Пепи и Муто“ (2015) – Георги Уковски, “Конзо“ (2013) и “People’s Front” (2012) – Иван Ивановски, „Зелени ѕидови – црна храна“ (2015) – Сандра Ѓоргиева и филмот „Направи Сам“ (2013) – Андреј Георгиев.
Проектот „Нов Град“ е поддржан од Министерството за култура во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“, а реализиран од здружението на граѓани „Икигаи“ со помош на Општина Кочани и НУЦК „Бели Мугри“.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.