Честитка до кочанчани за 11 Октомври од кандидатот за градоначалник Николчо Илијев

11 Окт 2017
251 пати

На 11 Октомври одбележуваме 76 години од почетокот на антифашистичкото востание во Република Македонија. Ден кога Македонија ја донесе одлуката да пристапи на страната

на прогресивното човештво.
Фашизмот како идеологија зацрни многу животи во современата историја. Идеологија што ги газеше и негираше сите општоцивилизациски и демократски вредности.
11 Октомври го означи продолжувањето на борбата за слобода што Македонците ја водеа во минатото. Како резултат на оваа борба се исполнија повеќевековните идеали за основање на македонска држава.
Почитувани сограѓани!
За неколку дена сме пред уште еден пресуден момент за нашата држава. Пред нови, локални, а всушност историски избори за нашата Македонија.
Со гласачкото ливче да ја заокружиме промената! Да се избориме за подобар живот за сите!

Честит нека е 11 Октомври!
Кандидат за градоначалник , Николчо Илијев.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.