Гордана Антова: „Кочани е во културна апатија во која царува личниот интерес!“

07 Окт 2017
392 пати

Општината нема стратегија за култура и оваа наделжност ја спроведува стихијно, по произволни

критериуми. Современите културни текови се далеку од Кочани.
Кочани е во културна апатија во која царува личниот интерес. Младинските културни иницијативи се неприфатливи за локалната власт.
Културно-историските објекти пропаѓаат. Споменикот на слободата е оставен на забот на времето, неискористен. Генијалноста што му ја подари Чемерски на Кочани, за локалната власт е небитна. Општината ја водат лица што немат сенс за неговото значење.
Некогашната киносала одамна чека на реконструкција. Мултикултурниот центар е во трулеж и влага. Од ветениот музеј во Кочани остана лагата.
Никој не размислува за заштита на старите автентични кочански градби. Стришанскиот сокак пред очи ни се распаѓа. Локалната културна историја исчезнува како непотребна.
Драги сограѓани,
Време е да ставиме крај на негрижата кон културата и културното наследство!
Потребна е целосна измена на ваквиот однос. Кочани, конечно да добие музеј. Локубија и Споменикот на слободата да бидат култно место. Да го вратиме театарскиот живот. Да покажеме човечки однос кон идните генерации – грижејќи се за културното наследство.
Културата мора да биде фактор на обединување: на децата, младите и старите, на Македонците, Ромите, Власите, Турците, на сите жители на Кочани!
Придружете ни се, заедно му обезбедиме подобар живот за Кочани!

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.