Обраќање на кандидатите за советници од листата на СДСМ и коалицијата: „Ние сме за што повеќе паркови и зеленило!“

03 Окт 2017
111 пати

Чистата и здрава животна средина е предуслов за здрав живот. Таа е наш приоритет. Градот

тоне во ѓубре. Управувањето со отпадот е во криза. Потребен е современ третман на цврстиот отпад. Селекција на отпадот, автомати за амбалажа, рециклирање. Јавни површини за градежен шут и функционална комунална и инспекциска служба. Кочани може економски и паметно да се исчисти.
Општина Кочани беше и може да биде екопример во државава. Хибридните светилки се модел за користење на евтината сончева енергија со која Кочани изобилува. Оние што ги имаше, по кои бевме пилот-општина, се искршени и за жал, не се одржуваат.
Ние сме за што повеќе паркови и зеленило: на Локубија, кај Стопанскиот двор на булеварот „Тодосија Паунов“, во населбата Трајново Трло. Зони за пешаци и велосипеди. Замена на азбестните водоводни цевки. Ние сме за искористување на европските пари за чиста и здрава животна средина.
Правото на чиста животна средина е фундаментално граѓанско право. Затоа е неопходно почитување на еколошките стандарди, повеќе финансиски средства, изготвување и реализирање на програми за подигање на јавната свест на граѓаните.
За да има здрав живот за сите! Подеднакво и во градот и во населените места.
Чистата и здрава средина да нè исполни со живот!

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.