Изградба на спомен-обележје на местото на загинувањето на Никола Карев – Свиланово

22 Авг 2017
637 пати

Деновиве беше извршено воведување во работите за изградба на спомен-обележјето

на местото на загинувањето на Никола Карев – Свиланово.
Градежните работи ќе ги извршува „Евроградба Инженеринг“ ДООЕЛ с. Владиевци, Василево. Изведувачот е избран преку Центарот за развој на Источен плански регион, а надзорот е на „Венци Проект“ ДООЕЛ – Кочани.
– На површина од 460 м2 ќе биде поставено спомен-обележје на Никола Карев. Околината ќе се уреди со три настрешници. Комплексот содржи четири амфитеатрални реда поставени кон југ, кон спомен-обележјето. Во центарот на комплексот ќе биде поставена и сегашната спомен-плоча, а ќе бидат изградени и патеки и шеталишта. Од источната страна се планирани седум паркинг-места – информира Александар Гицов, раководител на Одделението за урбанизам и заштита на животната средина во Општина Кочани.
Целта е овој дел од Осоговските Планини да биде привлечен за посетителите и да ги збогати туристичките содржини. Тоа ќе придонесе и за нови инвестиции во туристичката инфраструктура и за изградба на нови сместувачки капацитети. Едновремено спомен-обележјето ќе му даде достојано значење на претседателот на Крушевската Република – Карев во месноста Свиланово, кај кочанското село Рајчани.
Вкупната вредност на изведбените работи, согласно склучениот Договор помеѓу Центарот за развој на Источниот плански регион и Изведувачот изнесува 5 647 017 денари, од кои 5 197 515 денари се обезбедени од Министерство за локална самоуправа – Биро за рамномерен регионален развој, а по 224 751– од општините Кочани и Чешиново-Облешево.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.