Манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2017“ ќе се одржи од 25 септември до 1 октомври

20 Јул 2017
463 пати

Дваесет и шестото издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз – 2017“ ќе започне на 25 септември, а

ќе заврши со централните настани на 1 октомври.
На состанокот што го одржаа Одборот за организација на манифестацијата и Комисијата за култура при Советот на Општина Кочани беа договорени рамките и најавени дел од содржините на манифестацијата.
- Манифестацијата ја осмислуваме во текот на целата година, а со овој состанок ги започнуваме поинтензивните подготовки. Ќе внесеме повеќе содржини, ќе имаме гости и делегации од повеќе држави и ќе се обидеме да ги обединиме традицијата и современиот уметнички израз – најави градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски.
Вообиачено, во рамките на манифестацијата ќе се избере ѓетварска убавица, обичајот зажнејување ќе се изведе на нива во Кочанско Поле, меѓународниот фолклорен концерт ќе се одржи во Паркот на револуцијата, а планирани се и концерти во Трговскиот центар.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)
Повеќе во оваа категорија: « Настани за 11 јули ЦК „Бели мугри“ »

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.