Ликовната колонија “ Св. Пантелејмон “ 2017 година – Општина Кочани (Од 7 до 11 јули )

06 Јул 2017
533 пати

По долгогодишна пауза во 2012 година со помош на Општина Кочани организиравме детска

Ликовна колонија која ја насловивме Св. Пантелејмон, по што и самото сместување и творење на учесниците се одвиваше во манастирот Св. Пантелејмон – село Пантелеј.
Ликовната колонија беше реализирана во рамките на манифестацијата Кочани град на културата за 2012 годна во Р. Македонија. Учесници беа талентирани ученици од повеќе градови низ Македонија од Скопје, Куманово, Кочани и од Прилеп. Поради интересот и прекрасното искуство на организаторите и на самите учесници на оваа ликовна колонија, истата во континуитет продожи да се реализира. Како искуство од веќе реализираните претходни години оваа ликовната колонија е од голем и важен карактер за изградба на еден млад ликовен творец. Со таа цел, очекуваните цели до сега покажаа голем ефект и очекуваме дека со оваа ликовна колонија ќе ги прошириме уметностите

и пријателсвата помеѓу идните ликовни автори преку самата дружба и работа.
Годишната граница на учесниците е од 10 до 18 години. Учениците се предводени и организирани од ментор м- р Александра Димитрова ликовен уметник од Кочани, каде преку разговори и сугестии се надоградуваат и реализираат преку сликање и творење. Ликовната колонија Св. Пантелејмон трае пет дена каде во сите тие денови им претстои исполнета програма со активности , дружење, ликовна едукација и образовно – ликовно доусоврашување. Воедно во петдевното престојување ќе биде и презентирана културата во Кочанскиот регион. Годинава 2017, ликовната колонија Св. Пантелејмон ја продолжува својата традиција веќе по шесети пат. На колонијата ќе учествуваат ученици кои по избор од свои професори имаат афинитети кон староградската архитектура и мотиви од градот Кочани. Материјалите за работа на колонијата ги обезбедува Општина Кочани и спонзор Просветно дело.
Изложбата ќе биде отворена во 11:00ч. Во салон фоаје 2

Изложбата ќе биде отворена во 11:00ч. Во салон фоаје 2 во НУЦК"Бели мугри" Кочани.
За време на реализација на колонијата кочанската публика ке има можност секој ден од 21:00ч да ги посети учесниците покрај кејот, т.е. западно крило на НУЦК" Бели мугри" Кочани.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.