Солистички концерт на флејта на Тиана Јовиќ

16 Јун 2017
270 пати

В понеделник, на 19 јуни во ресторанот „Амор“ во Кочани, солистички концерт на флејта

ќе приреди Тиана Јовиќ, ученичка во Државниот музичко-балетски училишен центар „Илија Николовски- Луј“ во Скопје.
На програмата се композиции од Бах, Хајдн, Поп и Форе, дела со кои Јовиќ оваа учебна година настапи на неколку меѓународни и државни натпревари и освои повеќе награди. Со прва награда се врати од Четвртиот меѓународен натпревар на млади музичари „Охрид, те сакам“, втора награда освои на Меѓународниот фестивал „Полихимнија“ во Скопје и на Меѓународниот натпревар по класична музика „Арт ин Велес“, а трета награда донесе од Република Србија, од Меѓународниот натпревар „Фемус“ – Суботица.
Во текот на школувањето има освоено четириесетина награди на натпревари и има посетено семинари кај повеќе познати флејтисти и професори по флејта во земјава и во странство.
Јовиќ заврши трета година во класата на проф. Симона Марочковска-Манојловска, а ќе настапи во пијано-придружба на Ивана Јанакиева, студентка на Факулетот за музичка уметност во Скопје.
Концертот започнува во 20 ч.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.