Танцувајќи низ времето со „АМИЧИ“

10 Јун 2017
1181 пати

Центарот за култура „Бели Мугри“ во Кочани за миг го претворивме во „Бродвеј“. Патувавме низ времето со најдобрите безвременски хитови,

танцувавме, се забавувавме и направивме да уживате бескрајно. Се потсетивме на музиката од вашата младост. На незаборавните евергрини од филмовите на Чарли Чаплин, „Флеш Денс“, „Валканиот танц“, хитовите на Елвис Присли, Џон Траволта, Оливија Њутн Џон, Мајкл Џексон, Мадона, АББА, Битлси ..... Одржавме приредба со која завршивме уште една учебна година, во која научивме многу во Јазичниот центар „Амичи“, а сето ова го подготвивме за вас - нашите најблиски. Довидување до догодина, кога ќе бидеме поголеми, малку поискусни и позрели, за новите предизвици, со нови идеи на нашите ментори, за уште поубава и повесела забава и претстава, под знакот на „АМИЧИ“.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.