Фестивалот започна - Според Пројковски ДАФ е наша вечер на оскарите

30 Мај 2017
284 пати

Започна Драмскиот аматерски фестивал на Македонија. Отворањето се случи синоќа во фоајето на ЦК „Бели мугри“. Дејан Пројковски,

еден од најнаградуваните македонски режисери беше помеѓу гостите, присутна беше група од неколку драмски уметници од Бугарија, ДАФ го поздрави претседателот на Балканскиот фестивал на кратки драмски форми од Софија, Томи Јанков, зборуваше градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски, а во публиката имаше многу пријатели на Фестивалот, луѓе од јавниот живот во градот, вљубеници во театарската уметност...
Во текот на свеченоста, Пројковски, ДАФ го нарече „македонски оскар“ и ги поздрави присутните. „Фестивалот во Кочани е расадник на млади таленти, на драмски уметници, режисери, сценографи, костимографи, кои своите први почетоци и љубовта кон професијата ја стекнале токму овде“.
Дејан Пројковски своето режисерско патешествие го има започнато од Кочани, во раната младост има добиено гран при за режија. Извршниот директор на Фестивалот, Благој Пенов му додели посебно признание.
„Кочани во наредните шест дена ќе биде културна престолнина на Балканот, во која со свои актерски остварувања и театарски претстави ќе гостуваат драмски аматери од Македонија и странство“, најави градоначалникот Димитровски отворајќи го 53-то издание на ДАФ.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.