Одбележани 112 години од смртта на Никола Карев

27 Апр 2017
914 пати

Во месноста Свиланово, во близината на Рајчани, беше одбележана 112-годишнината од смртта на македонскиот револуционер и учител, претседателот

на Крушевската република, Никола Карев. Граѓани од Кочани, Чешиново-Облешево, Пробиштип и Крушево, од семејството Каревци му оддадоа почит на големиот идеолог на Македонската револуционерна организација кој загинал на 27 април 1905 година, откако претходно преноќил во селото Рајчани, враќајќи се од Бугарија.
Свежно цвеќе на споменикот на Карев положија и претставници на Историскиот музеј од Крушево, градоначалниците на Крушево, Кочани и Чешиново-Облешево, Пробиштип и Македонска Каменица и неколку здруженија на граѓани.
Во одбележувањето на 112-годишнината од смртта на Карев учествуваа членовите на секцијата „Географски видик“ од ОУ „Никола Карев“, кои пеш ќе ја минаа релацијата од Пантелеј до Свиланово.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.