Министерството за култура одобри 11 проекти за Oпштина Виница

01 Фев 2017
1172 пати

11 проекти ќе бидат финансирани од Буџетот на Министерството за култура во 2017 г., нешто повеќе

од претходната година. Домот на културата “Тошо Арсов“ и Музејот “Теракота“ имаат одобрено по 4 проекти, а ФА“Китка„ доби 3 проекти. Во културата, Министерството и годинава ќе ги поддржи работата на мандолинскиот камерен квинтет за класична музика, како и Фестивалот за хумор и сатира “Ин Виница Веритас“ , работата на Ансамблот за староградски песни “Серенада“ , како и концертот на Танец. Меѓу другото ФА “Китка“ ќе биде делумно финансиран во оддржувањето на МФФ “Истибањско Здравоживо“, а ќе биде поддржано и меѓународно гостување на фолклористите. Годинава, за првпат има одобрено и проект за обновување на народните носии. Министерството за култура ќе финансира и 4 проекти и во археологијата, од кои како најзначаен е проектот за Расчистување и покривање на објектот – цистерна во Виничко Кале, Музејската ноќ-2017, Конзервација на материјал од археолошкиот локалитет Коколов Рид, Виница, како и изработка на посебен проект од областа на заштитата на движното културно наследство и негова реализација.

 

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.