Теракотите од Виница на изложба во Оксфорд

19 Окт 2016
757 пати

Теракотните икони од Виничкото Кале во кои се вградени теолошките пораки од Стариот и Новиот Завет

ќе бидат дел од Големата изложба на Музејот “Ашмолијан“ при Универзитетот во Оксфорд насловена “Религиите во империите низ историјата“.
По потпишувањето на Меморандумот со Минситерството за култура, програмскиот директор од Оксфордскиот Музеј и во посета на Музејот “Теракота“ да се запознае изворно со историјата и потеклото на овие уникатни примероци...
- Причината што сме овде е подготовката на големата изложба во нашиот музеј “Ашмолијан“ кој работи при Оксфордскиот Универзитет во Велика Британија. Изложбата треба да го прикаже развојот на големитее религии во империите низ историјата. Во рамките на истата ќе бидат изложени неколку поставки за христијанството, или поточно 9 теракотни икони кои се откриени на Виничкото Кале, и затоа сум овде како археолог лично да се запознаам со археолошките богатства на овие терени. Посебно сум фасциниран од поставката во вашиот мал локален Музеј “Теракота“ , и чест ми е што вашето археолошко богатство ќе го презентираме кај нас“, изјави Пол Робертс, програмски директор на Музејот „Ашмолијан“.
- Изложбата во која ќе учествуваат и виничките теракоти треба д го прикаже растот на големите религии:христијанството , будизмот, јудаизмот и хиндуизмот. Ќе биде отворена во октомври 2017 и ќе трае до јануари 2018 година, а за македонското претставување ќе биде задолжен Археолошкиот музеј на Македонија.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.