Ин Виница веритас 2016 - Првата награда за карикатурата на австриецот Клаус Питер

01 Окт 2016
795 пати

408 карикатури од 40 различни држави ја одбележуваат интернационалната нишка на Фестивалот за хумор

и сатира “Ин Виница Веритас“, а меѓу нив карикатурата која одговори на темата на конкурсот “На пуст остров“ и која е првонаградена од жирито на Фестивалот , е на австриски карикатурист Клаус Питер. Второнаградениот е Петар Јанков од Македонија, и третонаградената карикатура е на српскиот карикатурист Тошо Боркович. Со свеченото доделување на наградите во понеделник –трети октомври започнува петдневниот Фестивал “Ин Виница Веритас“ со шоуто на тројцата џентлемени “Трио Џентлеменс“ кои за таа вечер имаат специјална Програма. Како што рече организаторот Славко Данев - “Што се однесува до програмскиот дел, се трудиме да биде квалитетен, од тоа што може да гио избереме, го носиме најдоброто и согласно капацитетот на нашата Сала. По свеченото отварање во понеделник со тројцата џентлемени, веќе во вторник е промоцијата на третото печатено издание “Афористичка ризница“ а вечерта е театарската претстава од Трјавна- Бугарија “Жена није светица“. Во среда гостува театарот комедија од Скопје со претставата “Нешто пропуштаме“, во четврток е кумановскиот театар со претставата “Идиоти“ и во петок завесата се спушта со охридскиот театар и претставата “Импровокација“. Паралелно со фестивалот, во училиштата ќе се организираат работилници за карикатура со познатиот карикатурист Миро Ѓорѓиевски“, рече Данев .
Градоначалникот Дончев на денешниот прес даде една ретроспектива на организирањето на Фестивалот и континуитетот кој го следи 8 години од возобновувањето
- , Кога го возобновивме Фестивалот пред точно 8 години, искрено не очекувавме дека ќе може да го оддржиме, меѓутоа благодарение на упорноста на директорот Славко Данев, огромната подршка која ја добиваме од Министерството за култура, и секако безрезервната морална и финансиска помош од Локалната Самоуправа , Фестивалот Ин Виница Веритас , сиве овие години понуди една богата и квалитетна програма за сечиј вкус. Успеавме Фестивалот да го анимираме и на интернационално ниво, благодарение пред се на Меѓународниот Конкурс за карикатура на кој секоја година учествуваат карикатуристи од најмалку 40-50 држави ширум светот, а еве и годинава првата награда ќе ја доделиме на познат карикатурист во Австрија. Посебно ме радува фактот што секоја година наши специјални гости кои му даваат интернационална нишка на Фестивалот се актерите од ТРјавна, наша збратимена општина со која културната соработка навистина ни е на едно завидно ниво, и се надевам така ќе остане и во иднина. Упатувам јавна благодарност до сите , и до главниот “виновник“ за оддржувањето на овој фестивал, Славко Данев.
Како што рекоа организаторите, влезниците за сите претстави се веќе распродадени , така да согласно капацитеот на Салата во Виница , се очекува неделата што доаѓа да биде недела на хумор и смеа за Виничани и гостите од соседството.

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.