Велешкиот театар гостува во Виница

16 Мај 2016
1153 пати

Домот на културата “Тошо Арсов“ вечерва е домаќин на претставата “Класен непријател“ на

велешкиот театар работена по текст на Најџел Вилијамс во режија на Теа Беговска. Станува збор за познат драмски текст кој ја третира социјалата меѓу луѓето не само во класна, туку и во животна и човечка мисла. Главното прашање кое го поставува оваа претстава е што е знаењето и колку тоа може да го поправи овој свет . Ликовите во претставата се тешки бидејќи се со големи социјални проблеми, кои ги натерале да бидат гневни кон се што ги опкружува: на општеството, родителите, професорите, соучениците. Главните улоги ги играат: Жарко Спасовски, Фаик Мефаиловски, Талија Настова, Марија Стефановска, Александар Велјановски, Самоил Стојановски, Драгана Босниќ, Весна Димитровска Бобевски, Слободанка Чичевска, Александар Ѓорѓиев, Славица Манаскова и Кирил Гравчев.
Претставата е вечерва со почеток во 20.00 часот.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.