52. ДАФ на Македонија: Од единаесет – четири претстави од странството

12 Мај 2016
932 пати

Објавен е официјалниот репертоар на 52-то издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија, кој

по педесетти пат ќе се одржи во Кочани. Во текот на шестте фестивалски дена ќе бидат прикажани вкупно 11 претстави, од кои четири се на драмски аматери од балканските простори, односно по една од Словенија и Црна Гора и две од Србија.
Фестивалот ќе го отвараат Словенците од Иванчна Горица, кои на 23-ти мај настапуваат во 20 часот со претставата „Хамлет“ во режија на кочанецот, Трајче Ѓоргиев. Истата вечер, во 22, 15 часот следува уште една претстава во режија на Ѓоргиев, во продукција на ЦК „Бели мугри“ од Кочани. Драмското студио на кочанската НУ ќе ја одигра „Просидба“ од Антон Панов Чехов.
На 24. и 25-ти мај следуваат четири претстави. Првата е на Гимназијата „Кочао Рацин“ од Велес и е насловена „Дома“. Режисер е Слободанка Чичевска, потоана ред е изведбата на гостите од Црна Гора од Колашин, и на нивната претстава „Авионспотинг“, па понатаму настапуваат аматерите од Богданци со „Без пари или не плаќам“ и од Врање, Република Србија, со „Водач“ од Радое Домановиќ.
На 26-ти мај своите моменти на сцената во ЦК „Бели мугри“ ги имаат охриѓани со „Мачка со шапка“, кумановци кои ќе се претстават со „Рибарски караници“ и членовите на аматерската сцена од Прибој, Србија, кои ќе ја одиграат претставата „Чаршија“ од Душан Јанковиќ. „Домот на кулата“ на охридската Гимназија „Климент Охридски“ е претставата што ќе го отвори репертоарот на 27-ми мај, а во терминот од 22, 15 часот истата вечер настапува Интимниот театар – Без маска од Битола, со „Слугинки“, претстава направена од документарни материјали.
Жирито ќе ја објави одлуката за најдобрите на 28-мај пред 20 часот, а во 20, 15 во чест на наградените ќе настапат студентите од втора година на Факултетот за драмски уметности од Скопје со претставата „Пак три сестри“.
Сите претстави и на ова 52-ро издание на ДАФ на Македонија се играат во ЦК „Бели мугри“ во Кочани. Изборот за влез во официјалната конкренција го направи драматургот, Дарко Јан Спасов.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.