На 9 април: Ликовна изложба од Лена Ѓуриќ

07 Апр 2016
849 пати

На 09. 04. 2016 год. (сабота ), со почеток во 20.00 часот во Галеријата Венеција – Виница, ќе биде отворена изложба на слики

од уметникот Лена Ѓуриќ од Штип . Лена Ѓуриќ – граѓанка на светот и голем хуманист, која три децении од својот живот ги поминува во градот на светлината - Париз, пред виничката публика за прв пат се претставува како автор уметник- аматер со 30 -тина слики во техниките масло на платно и акварел, со мотиви инспирирани од убавините на светот: морињата, реките, шумите, цвеќето и интересните ликови на луѓето кои ги среќава на своите патувања. Нејзина голема инспирација е и историјата на Франција. Симболот на француската држава -галскиот петел го слика во најразлични варијанти и тие слики за земаат почесно место во нејзиниот уметнички репертоар. Изложбата е во организација на Музеј „Теракота“- Виница.

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.