Не заборавајте да ги поместите часовниците: Овој викенд започнува зимското сметање на времето!

27 Окт 2021
529 пати

Ноќта меѓу сабота и недела се префрламе на зимско сметање на времето, што значи дека ќе треба да ги поместиме часовниците еден час наназад.

Летното сметање на времето во 2021 година завршува во недела на 31 октомври во три часот по полноќ.

Ноќта меѓу сабота и недела часовниците треба да се вратат од три часот во два часот, согласно Законот за пресметување на времето.

Секој последен викенд во октомври се поместува часовникот и се префрламе на зимско сметање на времето, а ова прашање е регулирано со закон во повеќето европски земји, вклучително и Македонија.

 
 

Комитетот на Европскиот парламент гласаше за укинување на поместувањето на часовникот, кое со децении се случува двапати годишно, но не сите земји го усвоија тоа во пракса.

Зимското сметање на времето трае до последниот викенд во март, кога часовникот повторно се поместува и почнува летното сметање на времето.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)