Италијанка ја пее „Море сокол пие“ – ПЕЕ, РАСТУРА!, аѝ свират момци од цел свет

25 Окт 2021
305 пати
Кога Македонка ја пее  „Море сокол пие“ велиме ’браво’, кога некој од соседите го прави тоа важи истото, но што да се каже кога песната ја изведувадевојка која нема апсолутно никаква врска со Македонија и дури и воопшто небила   во   нашата   земја. 
BGKO foto2.jpg
 Најновата   преработка   на   прекрасната   македонскатрадиционална   песна   доаѓа   од   работилницата   на  Barcelona  Gipsy  balKanOrchestra и прекрасната вокалистка Маргерита Абита. Маргерита   е   Италијанка   и   е   дел   од   составот  Barcelona  Gipsy  balKanOrchestra  (BGKO),   интернационален   ансамбл,   чија   база   е   Барселона.Специфични   по   составот,   но   и   начинот   на   кој   ја   интерпретирааттрадиционалната   музиката   -    Barcelona  Gipsy  balKan  Orchestra  се   вистинскимелем   за   душата,   а   новиот   дух   кој   ѝ   го   даваат   на   музиката   од   Балканот,Средниот Исток, но и Медитеранот е магија за сите сетила. „Традицијата на Македонија е собрана во една приказна, една песна, еднаемоција.   Средбата   на   БГКО   со   вечната   мелодија   чија   тежина   низ   вековитеобележала генерации... Старата изрека вели:  „Низ Босна не пеј, низ Србија неиграј, а низ Македонија ниту пеј ниту играј...“ А сепак еден нов поглед на стараљубов, карактеристика на оркестарот закотвен во градот на Гауди. Инспирираниод природата со која биле опкружени и концертот чија енергија им останала восеќавањата, БГКО врзува три балкански земји во една приказна – двете странина   езерото   Скадар   низ   призмата   на   македонскиот   сокол“,   велат   вообјаснувањето зошто ја одбрале токму „Море сокол пие“. 
 
BGKO foto.jpg
 
Бендот влегува во деветтата година од формирањето, и периодов ѝ велитопло добре дојде на Маргерита, чија енергија и свежа перспектива внесуваатсвежина во сите аспекти на оркестарот, кој од формирањето до денес може да се
пофали со повеќе од 1000 концерти, 70 милиони прегледи и повеќе од 130 000следбеници на Јутјуб. Единствениот и современ звук на BGKO доаѓа од нивното страсно инемилосрдно   истражување   на   звуци   и   тембри   од   романската,   клезмерската,балканската   и   медитеранската   музика.   Сите   сфатени   како   збир   на   музичкитрадиции и мултиетнички култури кои ги надминуваат географските граници.Групата   досега   има   воспоставено   свој,   би   се   рекло,   заштитен   звук   и   тоаблагодарение   на   неизмерно   различните   уметнички   влијанија   на   нејзинитечленови.BGKO  се:  Маргерита   Абита  (вокал,   Италија),  Матиа   Скироса(хармоника, Италија),  Џулиен Шанал  (гитара),  Иван Ковачевиќ  (контрабас,Србија),  Стелиос   Тогиас  (перкусии,   Грција),  Дани   Карбонел  (кларинет,Каталонија–Шпанија) и Олесандр Сора (виолина, Украина)/Пере Ноалск Туру(виолина, Каталонија – Шпанија).Освен по изведбата, специфични се и по тоа што секогаш се подготвенида истражуваат нови звуци и да ја прошируваат листата на места за настапи,искуства   и   собирање   знаења.   А   досега   настапувале   во   Австрија,   Русија,Франција, Шпанија, Италија, Белгија, Унгарија, Холандија, Канада, Романија,Чешка, Германија, САД, Данска, Турција, Грција, Србија, Хрватска...  Инспиративна   приказна,   симпатична   изведба   и   неверојатен   спој,која   дефинитивно   будни   емоција   –   слушнете   и   уживајте.   Убаво   е   когастранец ви оддава признание за она што е ваша традиција и богатство.
 
МОЖЕТЕ ДА ЈА ПРЕСЛУШАТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК ИЛИ ВО ЕТЕР НА  91,4Мhz Радио Кочани :
 
 
 
 
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)