Интересно: Замија - растение кое носи среќа и пари, а нема да успеат да го исушат и најнеспособните е

16 Окт 2021
306 пати

Замијата е цвеќе кое не бара многу внимание и посветеност, а ќе ве награди со раскошни зелени ливчиња.

Се полева со вода од прилика еднаш месечно, па дури и поретко. Не треба да претерувате со водата, бидејќи на тој начин ризомот ќе почна да скапува, а листовите да пожолтуваат.
Ова зимзелено растение потекнува од Африка, а поради раскошниот изглед и лесното одржување последниве неколку години стана особено популарно како собно саксиско цвеќе.
Може да израсне и до 100 cm во висина, а се одликува со дебели фиданки во вид на стебла на кои растат сјајни, мазни и цврсти зелени ливчиња.

z2.jpg

Треба да внимавате да биде на светло, но не биде директно изложена на сонце и температурата да не се спушти под 15 степени во просторијата каде што ја одгледувате. Оптималната температура за оваа билка изнесува од 18 до 24 степени.
Цвета од средина на летото до почетокот на есента со необичен цвет кој малку наликува на калата и се појавува околу дното на стеблата.
Замијата најдобро се размножува со раздвојување на стеблата или од листовите така што листот се става во влажен супстрат и се одржува таков бидејќи листот брзо се исушува, а во земјата ќе се зачне мал ризом од кој ќе потера ново растение.

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)